Македонија

Протест на Средношколскиот пленум

Протест на Средношколскиот пленум

Средношколци организирани од Средношколскиот пленум денеска протестираа против, како што велат, лошите реформи во средното образование.

Протестот го започнаа пред Собранието по што се упатија кон Владата, а потоа пред Министерството за образование и наука.

Тие го негираат постоењето на Унијата на средношколци чии претставници вчера во Министерството за образование и наука договорија математиката да не биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за оние кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно – математичкото подрачје, пренесува МИА.

Средношколците велат дека нивните барања не се исполнети во целост. Покрај укинување на математиката како задолжителен предмет во државната матура, тие бараат да се врати стариот концепт за полагање државна матура, односно да се отфрли електронското тестирање кое според нив е нефункционално и Законот за екстерно тестирање да биде ставен во мирување.