Протест на судската администрација пред Министерството за правда

Протест на судската администрација пред Министерството за правда
Протест на судската администрација пред Министерството за правда

Членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и на здруженија на граѓани (УПОЗ) и на Здружението на судска администрација, денеска протестираат пред Министерството за правда.

Поради протестот улицата пред ова Министерство е затворена за сообраќај, а се одвива отежнато и во околните улици во центарот на Скопје.

Преку протестот, кој изминатите десет дена се одвиваше во кругот на судовите, бараат зголемување на додатоците на плата за 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници.

Според последната одлука на УПОЗ,  од петок  судовите нема да издаваат уверенија со печат, а од понеделник нема да се работат постапките за обезбедување докази.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ  велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи 10-тина дена колку што трае протестот на судската администрација, нема интерес за преговори од страна на работодавачот.