Протест на ВМРО-ДПМНЕ по одлуката за продолжување на притворот на Темелко

По одлуката за продолжување на притворот на Едмонд Темелко и одлуката на судот за назначување на нов 30 дневен притвор, ВМРО-ДПМНЕ вечерва повикува на протестен собир кој би започнал во 19 часот пред Владата на Република Македонија.

Едмонд Темелко е со нарушено здравје и според многумина продолжувањето на притворот може да биде фатално по неговиот живот. За ВМРО-ДПМНЕ одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаков основ за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува своите членови, како и сите граѓани и граѓански организации да ја изразат својата поддршка за Едмонд Темелко вечер во 19 часот на собир кој би започнал пред Владата, од каде луѓето би се упатиле пред судот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.