Протест на вработени во грчки телевизии

Новинари, техничари и други вработени во грчките телевизии, денеска четири часа ќе запрат со работа и ќе одржат протест пред Парламентот, одлучија нивните синдикати.

Во протестот учествуваат телевизиите Алфа, Антена, Арт, Епсилон, Македониа, Мега, Скај, Стар, ЕРТ и Собранискиот канал.

Синдикатите бараат Владата „да го врати уставниот поредок“ и протестираат против затворањето на телевизиските станици. Тие, исто така, бараат враќање на работничките и социјалните права и потпишување на колективни договори.

Прекинот на работа е планиран од пладне до 16 часот, а протестот ќе се одржи триесетина минути после 12 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.