Протест на Здружението на невработени во Сараево

Пред зградата на Парламентот на Федерацијата на БиХ се одржаа мирни протестои кое ги организираше Здружението на невработени во БиХ, а во зградата остана координаторот Хасан Сејдиќ, кој чека некој од претставниците на власта да го прими и да се изјаснат за барањата на ова Здружение.

Здружението на невработени претходно упати барање до претставниците на федералниот парламент, меѓу кое и барање за придвижување на економијата и отворање на нови работни места.

Сејдиќ истакна дека Здружението бара јасен развоен план, односно укинување на кантоните и скапата администрација.

„Овде сме затоа што првпат во парламентарна процедура влегува измената на Уставот на ФБиХ.Политичарите велат дека не можат да ја развијат економијата и да го зголемат бројот на работни места затоа што се лоши уставните промени, но сега е прилика тоа да се промени,“ изјави Сејдиќ.

Повеќе од стотина демонстранти на протестите бараа да го остварат правото на вработување и живот достоен за човекот, а носеа транспаренти на кои пишуваше „сакаме работа“, „нема од што да живееме“, „сакаме во ЕУ“.

Во зградата на парламентот на ФБиХ денеска се одржува седница на Претседателскиот дом на федералниот Парламент за уставните реформи во ФБиХ.