Македонија

Протест на жителите на Јеловљане поради спојување паралелки

Протест на жителите на Јеловљане поради спојување паралелки

Утре во 13 часот во село Јеловљане, тамошните жители ќе организираат протест против одлуката на тамошниот градоначалник на општина Боговиње, Хазби Идризи поради неговата одлука да ги спои паралелките во тамошното основно училиште „11 Октомври“.

Жителите реагираат на одлуката која предвидува спојување на училишните паралелки од прво и трето, второ и четвро 5 и 7 и 6 и 8 одделение, кои според намерите на тамошниот градоначелник треба да имаат настава во исто време и во иста училница.

Освен заедничкото одржување на наставата во иста училница на различни одделенија, Идризи инситира наставата да се одржува само во прва смена, што спроед родителите ќе влијае врз квалитетот на учењето на децата.

Жителите на село Јеловљане одлуката на Идризи за спојување на паралелките ја гледаат како одмазда бидејќи на последните избори тие својата подршка ја дале на кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, наместо како што во изминатите изборни циклуси во оваа општина традиционално власта ја добиваше ДУИ.

Тој пред самите избори јавно им се заканил на жителите на Јеловљане дека доколку на последните избори ВМРО ДПМНЕ добијат само еден глас повеќе во оваа општина,тој ќе го затвори училиштето „11 Октомври“, и децата ќе мораат да одат на училиште во соседното село Урвич кое е одалечено повеќе од 2 километри од нивните куќи.

Поддршка на утрешниот протест на незадовлните жители дадоа пратениците на ВМРО ДПМНЕ од оваа општина Амни Биљали и Светлана Карапеева кои заедно со претседателот на месната заедница на село Јеловљане ке одржат пресс конференција во 13 часот пред зградата на училиштето.