понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Протест пред ДИК

Граѓани вечерва се собрани пред Државната изборна комисија која на седница ги разгледува приговорите поднесени од политичките партии во врска со изборните резултати.

протест

Поврзани вести

Тие се собрани, како што велат, за да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи.

Пред Државната изборна комисија има засилено полициско обезбедување.

Државната изборна комисија во текот на денот одби седум приговори на Движењето Беса, а за едно одлучи да се изврши графолошко вештачење. Во тек е расправата по приговорите на Коалицијата предводена од СДСМ.

Законски, ДИК има рок до полноќ да се изјасни по приговорите на политичките партии.

Најчитани вести