Протест пред МВР, се бара одговорност и оставка од Спасовски

Поголема група револтирани млади луѓе во четвртокот протестираа пред Министерството за внатрешни работи поради тоа што во средината на месецот полицаец од СВР Струмица  пукаше во малолетници од Радовиш.

Со пароли „Стоп за полициска бруталност“ и „Дојде живот“ тие побараа одговорност и оставка од министерот Оливер Спасовски.

Полицаецот пукал кон две деца на возраст од 16 и 17 години.

До инцидентот дошло кога екипи од СВР Струмица се обиделе да го сопрат возилото во кое биле двајцата малолетници, а за кои претходно било пријавено дека се обиделе да извршат кражба на чамец во близина на браната Мантово. Малолетниците на два пати ја избегнале полициската патрола и не застанале, а потоа биле пресретнати од друго полициско возило на споредниот пат кај Градската капела.

При обидот да се приведат осомничените, полицискиот службеник употребил огнено оружје при што биле повредени двете деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.