Протест пред Влада за малиот Алмир

За денеска во 13 часот пред Владата, најавен е граѓански протест против судската постапка за смртта на малиот Алмир Алиу, кој пред две години беше прегазен во Куманово, а деновиве обвинетиот Бобан Илиќ беше пуштен од притвор, се наведува во јавниот повик на социјалните мрежи.

„Ве очекуваме на протест да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што било најмило од вашето дете или внуче. Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца“, повикуваат организаторите на протестот.