Балкан

Србија се крена на нозе: Масовен протест против реалните шоуа

Србија се крена на нозе: Масовен протест против реалните шоуа
Србија се крена на нозе: Масовен протест против реалните шоуа

Србија се крена на нозе. Во земјата има масовен протест против реалните шоуа. Протестот нема да престане додека на ТВ екраните не престанат да се емитуваат големиот број реални шоуа.

Имено, за само 48 часа, повеќе од 55.000 луѓе, во главно млади, се потпишаа на онлајн петицијата, која предизвика вистински хаос на интернет, а во која се наведува дека луѓето се кренале против прекумерниот блуд, неморал и пропагирањето на погрешни вредности. Граѓаните на Србија јасно и гласно рекоа дека неможат повеќе да чекаат културните институции да се разбудат и да застанат во одбрана на семејството и традицијата во Србија, пишува српски „Курир“.

Србија се крена на нозе: Масовен протест против реалните шоуа
Србија се крена на нозе: Масовен протест против реалните шоуа

Насилство, секс во живо, кавги и меѓусебно понижување… Ова е само дел од она што може да се види во големиот број реални шоуа во Србија, па затоа младите се кренаа на масовен протест против реалните шоуа.

Протестите на интернет се префрлија низ улиците, па младите музичари со концертот во Белград испратија порака против реалните шоуа, програмите што ги „окупираа“ ТВ станиците во Србија.

Сакаме култура, а не реално шоу, пишува на транспарентот што случајно или намерно во вторникот вечерта бил поставен наспроти Народниот музеј и Народниот театар во Белград.

Според младите лица што се собрале околу транспарентот, целта на овие масовни протести е да се спасат културните вредности и традицијата.