Протест во 18 часот пред Истражниот затвор во Шуто Оризари

Со почеток во 18 часот денеска протест ќе се одржи пред Истражниот затвор во Шуто Оризари како поддршка за неправедно притворените лица за настаните во Собранието на 27-ми април.

Протестот е во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

По апсењето на 24 лица во вторникот рано утрото, ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред Кривичниот суд и пред Министерството за правда на кои присуствуваа претседателот на партијата Никола Груевски, истакнати партиски членови и поддржувачи.

Секојдневно партијата по два часа, од 15 до 17 часот, блокира раскрсници низ Скопје во знак на револт поради приведувањето.