ПРОТЕСТ ВО АТИНА: Молотови коктели, солзавец и камења

Насилни протести во Атина - Демонстрантите фрлија бомба кон полицијата!
Насилни протести во Атина - Демонстрантите фрлија бомба кон полицијата!

Грчката полиција употребила солзавец за да растера неколку десетина студенти кои фрлале молотови коктели и камења за време на протест во Атина.

Асошиејтед прес пренесува дека нема информација за апсења и повредени. Полицијата соопштила дека околу 1.000 демонстранти учествувале во демонстрациите барајќи повеќе пари за образование.

Мала група млади фрлила молотови коктели врз полицијата која го обезбедувала грчкиот Парламент. Потоа десетина млади влегле во зградата на Универзитетот и фрлале камења на полицијата.

Демонстрантите исто така запалиле канти за ѓубре, а главната улица во Атина поради тоа била затворена за сообраќај со часови.