Протест во Љубљана поради политиката на ЕУ за миграција

Протест во Љубљана поради политиката на ЕУ за миграција

Стотици Словенци синоќа учествуваа на митинг во Љубљана против политиката на ЕУ околу прашањата за миграција, која тие ја сметаат за „рестриктивна“.

Протестот бил организиран од неколку невладини организации.

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ изјави на митингот дека ниту една европска земја не треба да ги затвори границите за време на бегалската криза.

Тој упати критики до Унгарија за нејзиниот однос кон бегалците и мигрантите. Јанковиќ истакна дека градот е подготвен да прифати 190 бегалци и да им обезбеди згрижување.

На митингот се појавиле и неколку контрадемонстранти, кои носеле транспаренти со пораки против исламизација на Европа.

protest2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.