Протест во Скопје на граѓанската иницијатива „Протестирам“

И вечерва се одржа протест во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“.

Протестот започна пред СЈО, а потоа низ центарот на Градот продолжи кон Собранието на Република Македонија.

Од „Протестирам“ ги повторија барањата за повлекување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, за негова оставка, повлекување на одлуката за избори на 5 јуни и формирање експертска влада.