вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Протест во Скопје на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство и продолжи кон Собранието. Се очекува насобраните граѓани да се упатат и кон Владата на РМ.

Протест во Скопје на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Протест во Скопје на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Поврзани вести

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва го одржува осмиот протест во Скопје против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, со барање за негова оставка, повлекување на одлуката за избори на 5 јуни и формирање експертска влада.

Протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство и продолжи кон Собранието. Се очекува насобраните граѓани да се упатат и кон Владата на РМ.

Поддржувачите на иницијативата „Протестирам“, кои одржуваат протести од минатиот вторник, бараат и произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд за случаите на СЈО, вклучување независни претставници на граѓанското општество во решавање на политичката криза и бараат процесот да се одвива на територијата на државава.

Најчитани вести