Протест во Скопје поради еврообврзницата

 Активисти на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва  во Скопје одржаа протест за еврообрзницата со која, како што велат, Владата планира да ја задолжи државата со 650 милиони евра.

Бараат оставка од актуелната влада и формирање преодна влада која ќе создаде услови за фер избори.

Протестот почна пред СЈО и преку централното градско подрачје продолжи кон Министерството за финансии, каде демонстрантите фрлаа балони со боја. Беше активирано полициско обезбедување и специјални возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.