сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Протест во Скопје против аболицијата на Иванов и изборите на 5. јуни

protest

Поврзани вести

Протест против одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов со барање за негова оставка и повлекување на одлуката за избори на 5. јуни и формирање експертска влада се одржа и вечерва во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“.

Протестот заврши пред Владата на Република Македонија. Демонстрантите се собраа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција. Потоа поминаа покрај Министерството за правда и Народната канцеларија на Иванов и се упатија кон Собранието на Република Македонија. Од таму преку плоштадот Македонија, заминаа кон Министерството за култура и пред Владата на Република Македонија.

Во протестот учествуваа претставници на повеќе граѓански организации, граѓани, студенти, претставници на опозициски политички партии…

Организаторите на протестите вечерва истакнаа дека се против преговори, кои се најавени за петок во Виена, но оти и покрај тоа протестите нема да запрат.

Некои од демонстрантите и вечерва фрлаа со јајца и боја кон Порта Македонија, како и кон зградата на Министерството за култура и полицајците кои ја обезбедуваа, во фонтаната на споменикот „Воин на коњ“ ставија прашок за перење и пишуваа графити.

Протести против одлуката на Иванов и избори на 5 јуни вечерва се одржаа и во Штип, Велес, Куманово и во Битола.

 

Најчитани вести