вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 54

Протест во Скопје против одлуката на Иванов и избори на 5 јуни

protest

Поврзани вести

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска повторно организира протест во Скопје против одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, со барање за негова оставка, како и за итно повлекување на одлуката за избори на 5 јуни.

Протестот, како и претходните, почна од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција. Потоа демонстрантите покрај Министерството за правда и Народната канцеларија на Иванов и се упатија кон Собранието на Република Македонија.

Се забележува зголемено присуство на полицијата.

Протести за денеска се најавени и во Штип, Струмица, Битола и во Куманово.

Најчитани вести