Протест „За заедничка Македонија“ во Велес

  Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше мирен протест во Велес преку кој беа повторени заложбите за унитарна Македонија и против промена на Уставот,  грбот и знамето на државата.
Учесниците на протестот порачаа да се даде се од себе за да се зачува државата и македонскиот јазик како официјален.
Трајче Арсовски, кој зборуваше во име на земјоделците од велешко, рече дека нема да дозолат разнебитување на татковината.
– Порачувам дека сите ние заедно и Македонци и Албанци и Срби, Роми и други етникуми сакаме да живееме заедно и затоа ќе се спротивставиме на сите непријатели кои работат на нејзиното разнебитување. Ние Македонците немаме ништо против Албанците кои живеат во Македонија, со нив заеднички сме работеле и живееле и порачуваме дека со нив и понатаму ќе живееме во мир и слога, бидејќи верувам дека сите имаме иста цел – заедничка Македонија, рече Арсовски.