Протести на екстремната десница и на антифашистите

Илјадници демонстранти маршираа во саботата попладнето во италијанската престолнина на Рим против фашизмот на повик на италијанската левица, а во Милано главниот кандидат на екстремната десница на парламентарните избори кои ќе се одржат на 4-ти март Матео Салвини истовремено собрал околу 15.000 екстремни десничари.

„Тука сме за да му кажеме не на фашизмот, бидејќи во овој момент има премногу нездрави настани во светот и фашизмот не смее да се врати“, изјавила за AFP педесетгодишната Рита Соло, челнка на синдикатот CGIL којашто на протестот во Рим кој минал мирно пристигнала од Сардинија.

Во главниот италијански град разместени се три илјади полицајци кои ја надгледуваа поворката, а во неа учествуваше и поранешниот премиер Матео Ренци кој ја води изборната кампања на Демократската партија, која во моментов на власта.

Истовремено во Милано, пред втората по големината готска катедрала се собрала 15.000 демонстранти на повик на главниот кандидат на екстремната десница на парламентарните избори, Матео Салвини.

Одржани се и контрадемонстрации во кои учествувале неколку стотици антифашисти, меѓу кои многу млади. Тие се собраа за да го осудат собирот на крајната десница.

Во последните неколку седмица на маргините од изборната кампања во Италија се случија неколку тешки инциденти во коишто учествуваа и крајни десничари и антифашисти.

Атмосферата особено се заостри откако на 3-ти февруари кога симпатизер на Северната лига отвори оган во центарот на италијанскиот град Мачерата ранувајќи притоа неколку африкански имигранти. Неговиот напад следеше откако беше пронајдено распарченото тело на италијанска тинејџерка, која според истрагата била убиени и во секташки ритуал се изедени делови од нејзиното тело, а за злосторството е приведен нигериски имигрант.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.