Протести на Партизанска – улицата блокирана

Група млади луѓе денес го блокираа булеварот Партизански одреди кај Универзална сала.
Групата протестираше држејќи транспаренти со порака „Ни го зеде најмилото“.
Младите протестирaa што се уште нема судски епилог за  случајот во кој младата студентка Фросина од Крива Паланка, токму на тоа место на улицата, на пешачки премин беше усмртена во сообраќајна несреќа, пишува Прес 24.
Протестот траеше помалку од еден час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.