Протести низ американските градови

протести

Демонстранти излегоа на улиците на Њујорк, Филаделфија, Чикаго, Бостон, Сиетл, Портланд, Сан Франциско и Вашингтон, извикувајќи „Не е мојот претседател“ – фраза, која стана популарен хаштаг и на Твитер.

Илјадници луѓе излегоа на Шестата авенија во Њујорк, на која се наоѓа кулата Трамп, каде е бизнис империјата на новоизбраниот претседател.

Демонстрантите во Чикаго скандираа „Еве како изгледа демократија“. Во северозападниот град Сиетл демонстрантите скандираа „Солидарност!“ и „Станете и возвратете на ударот“.

Група од над 100 лица во Вашингтон скандираше „Љубов, а не омраза“, во протестот што се одржа на две улици од Белата куќа.

Приближно 24 часа порано слични протести избија и во повеќе градови од Западното крајбрежје на САД по неочекуваната победа на Трамп над Хилари Клинтон во претседателската трка.