Протести пред американската амбасада во САД

Илјадници лица излегоа на протест пред амбасадата на САД во Лондон во знак на револт поради убиството на афроамериканскиот тинејџер кој беше убиен од полицаец.

Протестите во САД се одржуваат поради одлуката на поротата да не покрене обвинение против полицаецот Дарен Вилсон, кој во август го уби невооружениот Афрoамериканец Мајкл Браун.

Во Лондон се собраа околу пет илјади демонстранти. Учесниците во протестот им се обратија на роднините на црнците, кои се убиени во велика Британија од страна на полицијата.

Некои од демонстрантите носеа свеќи, а потоа со минута молчење им оддадоа почит на сите лица ширум светот кои биле жртви на полицијата.

Во немирите во Фергусон во САД изминатите два дена запалени се повеќе згради и автомобили, а полицијата приведе 61 лице.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.