(ВИДЕО) Протести против исламизација во Братислава, уапсени 140 лица

Протести против исламизација во Братислава, уапсени 140 лица

Најмалку 140 лица се уапсени во Братислава по насилствата кои избија после протестот против имигрантите и квотата на ЕУ за бројот на мигранти кои Словачка треба да ги прими.

Илјадници луѓе протестираа вчера во Братислава против имигрантите.

Протестот беше организиран од анти-исламското движење во Братислава, а учествуваа над осум илјади лица.

На крајот на собирот, дојде до судир меѓу група демонстранти и полицијата, а шест возила се оштетени.

Меѓу демонстрантите беше и гувернерот на централниот словачки регион и основач на екстремно десничарската партија Народна партија стара Словачка Маријан Котлеба.

Протестот е организиран откако во мај Европската комисија соопшти дека Словачка треба да прими 471 мигранти од Италија и 314 од Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.