Протести против основање Специјален суд за воени злосторства на ОВК

Здружението од поранешната „Ослободителна војска на Косово“ (ОВК), најави дека утре ќе организира протести против основањето Специјален суд за воени злосторства на ОВК и поради заштита на вредностите од „ослободителната војна“.

Протестот ќе го поддржи и движењето Самоопределување, јавува Танјуг.

„Основањето Специјален суд создава паралелен систем на правда во Косово без како и да е поднесување сметки на косовските институции. Тој суд се обидува да ја изврти историската вистина осудувајќи ја нашата ослободителна борба“, се наведува во соопштението од Самоопределување.

Ова движење смета дека Специјалниот суд е голема неправда која и се приредува на државата Косово.

„Тој суд има историска и политичка мисија да направи Албанците од Косово колективно да чувствуваат вина, како и срамно да се прифати инсталирање на ЗСО во Косово“, се вели во соопштението на Самоопределување

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.