вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

ФОТО: Протести во Финска откако мигрант силуваше девојче

protesti-finska-1

Последни вести

Голем број Финци излегоа на улица и протестираа откако мигрант силуваше девојче. Растат тензиите во Финска откако еден барател на азил беше уапсен за силување на 14-годишно девојче.

Како што јавува „Дејли експрес“ голем број Финци, некои од нив и со маски на Кју Клукс Клан ги исполнија улиците на малото финско гратче Кемпеле, каде наводно се случило силувањето.

Протести во Финска откако мигрант силуваше девојче

Протести во Финска откако мигрант силуваше девојче

Владата одговори на револтот кај населението со тоа што најави дека сака да ја зајакне политиката за имиграција, вклучувајќи и работење за без пари за азилантите како и учење за културата и општеството на државата.

Протести во Финска откако мигрант силуваше девојче

Протести во Финска откако мигрант силуваше девојче

Наводниот напад врз девојчето се случил во понеделникот додека тоа си одело дома. За силувањето е уапсено едно момче кое е сместено ви прифатниот центар за мигранти и тоа во моментов се наоѓа во притвор и го чека судењето.

Жителите на градот Кемпеле, кои и онака беа против изградбата на Центарот за мигранти, сега маршираат во толпи и бараат негово затворање.

Најчитани вести