Свет

Протести во Германија против зголемената исламизација на државата

Протести во Германија против зголемената исламизација на државата

Нов вид на протести против имиграцијата се одржуваат во Германија. Овој пат протестите се насочени против т.н. „зголемена исламизација“ на државата, пишува Еуроњуз, пренесува Нетпрес.

Членови на здружението ПЕГИДА ( Европските патриоти против исламизацијата на Западот) одржаа протести во Дрезен против екстремизмот и злоупотребувањата на германските политики за азил.

– Политичките бегалци се добредојдени. Но погледнете ги домовите на барателите на азил овде. Само мажи живеат во нив. Каде им се семејствата? Тие се криминалци кои ги оставиле нивните семејства во војната, велат членовите на ПЕГИДА.

Сепак критичарите на ПЕГИДА одржаа контра-протести и го обвинија здружението дека е поддржано од крајнодесничарските неонацистички партии.

Членовите на ПЕГИДА тврдат дека тие не се против исламот воопшто, но сакаат да се зачува христијанската култура на земјата.

Инаку, Германија во моментов е втора најпопуларна земја за мигрантите веднаш по САД и земјата се бори со се поголемиот број на баратели на азил.