Протести во Грција против приватизацијата на двете најголеми пристаништа

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера пристаништните работници кои протестираа во центарот на Атина против продажбата на пристаништето Пиреја на кинеската компанија Коско. Договорот за приватизација беше потпишан денеска, јави агенцијата АНА – МПА.

Пристаништата во Грција денеска се затворени поради 24-часовен штрајк кој го организираа гранковите синдикати во земјата.

Протести имаше и во Солун, каде пристанишните работници демонстрираа против претстојната приватизација на компанијата која управува со Солунското пристаниште.

„Одлучни сме да ја водиме битката до крај за да го зачуваме јавниот карактер на пристаништата“, се наведува во соопштението на пристанишните работници.