Свет

Протести во Каталонија за ослободување на притворените лидери

Протести во Каталонија за ослободување на притворените лидери

Илјадници приврзаници на осамостојувањето на Каталонија се собраа синоќа на градските плоштади ширум шпанската покраина, барајќи и преостанатите четворица сецесионистички лидери да се пуштат на слобода.
Учесниците во протестот носеа транспаренти со пораки слобода за политичките затвореници.

Протестите уследија откако Врховниот суд одобри кауција од по 100 илјади евра за шестмина од 10-те поранешни членови на каталонскиот регионален кабинет и ги пушти да се бранат од слобода.

Сепак, судот одби да ги ослободи и преостанатите четворица, вклучувајќи го и потпретседателот на каталонската влада Ориол Жункерас, поранешен регионален министер за внатрешни работи Жоаким Форн и уште двајца активисти.