Протести во Париз поради полициско насилство врз момче црнец

Учениците во Париз блокираа 16 гимназии во знак на протест поради наводно полициско насилство врз млад црнец.

Поголемиот број од учениците со качулки на глава и факели во рацете се собраа на Плоштадот на нацијата во источен Париз. Некои од демонстрантите носеа транспаренти „Одмазда за Тео“, името на момчето кое беше силувано со пендрак од страна на полицаец.

По инцидентот на втори февруари во северен Париз, четворица полицајци се суспендирани, а во тек е истрага против еден од нив, кој е осомничен за сексуално насилство, а другите за прекумерна употреба на сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.