Протести во Подгорица – Ѓукановиќ избегал од земјата?!

Протести во Подгорица - Ѓукановиќ избегал од земјата?!
Протести во Подгорица - Ѓукановиќ избегал од земјата?!

На Плоштадот на Републиката во Подгорица вечерва почна протест во организација на Демократски фронт, на кој се собраа неколку илјади граѓани.

 Еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, ја повика толпата да прошета по булеварот до зградата на Министерството за внатрешни работи, за мирно да го изрази своето незадоволство поради вчерашната полициска реакција, која ги прекина протестите на ДФ пред зградата на парламентот, кои траеја 21 ден.

Мандиќ на собирот рече дека премиерот Мило Ѓукановиќ попладнето со авион ја напуштил земјата и побара од сите демонстранти да бидат мирни и да се однесуваат достоинствено.

Како што пренесе РТЦГ, народот тргнал од Плоштадот на Републиката кон Улицата на слободата.

Наводно бил фрлен солзавец, но масата не се разотидува, вели РТЦГ и додава дека насобраните граѓани извикуваат „Мило, убиец“ и „Готов е“.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ повика на почитување на уставниот поредок, јавниот ред и мир и на решавање на политичките проблеми во државните институции.

Каменувана ТВ Пинк-М, една новинарка е повредена

ТВ Пинк-М
ТВ Пинк-М

Приврзаниците на Демократскиот фронт на Црна Гора  ги каменуваа просториите на ТВ Пинк-М кои се наоѓаат во центарот на градот, јавуваат црногорските медиуми.

Во инцидентот, повредена е новинарката Ивана Дробњак која била на работното место во редакцијата, а по настанот била пренесена и задржана на лекување во Клиничкиот центар во Подгорица.

ДПС: Ѓукановиќ  не ја напуштил Црна Гора

Опозицискиот лидер Мандиќ ја излажа цела јавност со изјавата дека премиерот Ѓукановиќ ја напуштил земјата, соопшто владеачката партија ДПС.

Според нив целата на оваа изјава била да се охрабрат приврзаниците на опозицијата насилоно да ги рушат институциите.

ДПС јави дека во моментот кога Мандиќ ја дал изјавата премиерот Мило Ѓукановиќ претседавал со седница на Советот за национална безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.