Протести во Сент Луис поради убиство на Босанец

Полицијата во американскиот град Сент Луис соопшти дека уапсила двајца тинејџери и е во потрага по уште двајца осомничени за убиство на босански државјанин.

Според полицијата, 32-годишниот Земир Бегиќ синоќа бил во својот автомобил кога неколкумина го нападнале, по што тој го загубил животот.

Околу 50 луѓе од босанската заедница блокираа улици во градот во знак на протест поради убиството на Бегиќ.

Полицијата тврди дека убиството не било расистички или етнички мотивирано.