Протести во Загреб заради судирите во Појасот Газа

Стотина граѓани се собрале вчера на централниот загребски плоштас на повик на движењето „Окупирајмо“, барајќи итен прекин на воените дејствија во Појасот Газа во Палестина.

Неколку од нив развиле голем транспарент со натпис „Стоп за војната и насилството во Палестина“, пренела агенцијата Хина.

Демонстрантите изразиле жалење што не можат да очекуваат поддршка на политичките алити, но порачале дека граѓаните можат на тие елити да им покажат во кој правец треба да одат.

Пред демонстрантите во еден момент дошол човек со парола „Ослободете ја Газа од Хамас“, што предизвикало бес на мнозинството, па полицијата брзо го отстранила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.