Протестираат, а како професори немаат објавено ниту еден научен труд

Долги години се професори а на науката не и оставиле ништо. Дел од овие луѓе имаат многу мотиви да протестираат против новиот пакет реформи во високото образование. Обврската која им налага задолжително објавување научни трудови во реномирани научни списанија, за дел од овие професори значи дека освен со политика ќе мора да почнат да се занимаваат и со наука, анализира Сител. 

Првиот човек на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев  очигледно има време за се но не и за наука. Иако долги години е професор на правниот факлутет во Скопје, во неговата бигорафија не стои ниту еден научен труд со импакт фактор објавен во научната мрежа.

Екипата на Сител, денеска пред неговиот кабинет затече голем број студенти кои го чекаа за да полагаат испит.

-Продолживме по ходникот и стигнавме до кабинетот на професорот Љубомир Фрчковски. Иако политичкото Си Ви му е полно со бројни високи функции, како професор и научник не се покажал многу. Во својот повеќедецениски професорски стаж, Фрчковски не објавил ниту еден научен труд. Помисливме дека имаме среќа што дојдовме да побаравме одговори од него токму во времето кога самиот на вратата напишал дека има приемен ден. Не бевме во право. И ние како и многу студнти кои дошле денеска кај него на консултации, наидовме на затоврена врата, објавува Сител.

Бројот нула стои во графата научни трудови и на професорката Ана Павловска Данева. Некогашната пратеничка денеска беше во својот кабинет и највеојатно држеше испит. За да не им пречиме на студентите, решивме зошто нема научна дејност да ја прашаме во првата наредна прилика.

За угледна професорка важи и Мирјана Најчевска но освен за силна активност на социјалните мрежи и блоговите и таа не нашла време за ниту еден научен труд во својата кариера.

Меѓу оние чиј научен труд експертската јавност се уште го очекува е и деканот на правниот факултет, Борче Давитковски.

Ништо подоро не стојат ниту познатите професори на останатите факлутети.

Нула нуачни трудови стојат и зад името на деканот на економскиот факултет Љубомир Дракулевски и неговиот колега Бобек Шуклев.

Без научна работа се и професоите Ристо Малчески и Љубомир Цуцулоски.

Повеќе политика а помалку наука практикваат и функционерите на СДСМ кои држат работни места на факултетите.

Како асистент, ниту едн научен труд не изготвила ниту Радмила Шеќеринска, ниту пак претседателот на Комисијата за образование на СДСМ Петар Атанасов.  Ништо повеќе на науката на и дала ниту асистенктата на правениот факултет Кролина Астеруд, ниту пак нејзините колеги Ванчо Узунов и Рената Десковска. Премиерот Груевски вчера потенцираше дека токму обврската а се објавуваат научни трудови е главен мотив за дел од професорите да излезат на протестиМинатата година, само 300 труда на македонски професори се објавени во списанија кои се дел од веб од сајанс. Иако во Македонија има над 6.000 професори, во последните 5 години, само 4.000 труда заслужиле да се најдат во реномираните публикации. За споредба, во Словенија, запет години публикувани се над 50.000 трудови.