среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 43

„Протестирам“ ги продолжи протестите

протестирам

Поврзани вести

По најавената пауза за велигденските празници, попладнево граѓанската иницијатива „Протестирам“ продолжи со протести во Скопје и во други градови низ земјава.

Протестите се против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за општа аболиција.

Тие бараат оставка на претседателот и одложување на изборите закажани за 5 јуни.

На денешниот протест демонстрантите револтот го искажаа пред комплексот судови.

Полициски кордон беше поставен пред зградата на Основниот суд Скопје 1, каде што демонстрантите  фрлија бои како што практикуваа и во изминатите протести на т.н. „Шарена револуција“.

По протестот и говорите пред Основен суд Скопје 1, се  упатија кон Владата.

Протестот почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, потоа учесниците продолжија кон Собранието на Република Македонија, а  оттаму кон судовите.

Најчитани вести