среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 46

„Протестирам“ со протести во неколку градови во Македонија

Тие на протестите ги повторија барањата: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да престане прогонот на учесниците во протестот и слобода на приведените од почетокот на протестите, формирање преодна Влада, учество на граѓанскиот сектор во какви било преговори во иднина и оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

protest

Последни вести

Поддржувачите и активистите на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва организираа протести во повеќе градови во Македонија.

Тие на протестите ги повторија барањата: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да престане прогонот на учесниците во протестот и слобода на приведените од почетокот на протестите, формирање преодна Влада, учество на граѓанскиот сектор во какви било преговори во иднина и оставка на претседателот Ѓорге Иванов. Изразија поддршка и за работата на СЈО.

Демонстрантите одржаа мирен протест вечерва во Ресен од каде потсетија на рокот за исполнување на нивните барања. Протестот почна од пред споменикот на Револуцијата, а се движеше низ централните градски улици.

И во Куманово беше одржан мирен протест. Демонстрантите се собраа пред Основниот суд од каде се упатија по булеварот „Трета МУБ“, улицата „Народна Револуција“ каде запалија факели, потоа кон градскиот плоштад, а протестот го завршија повторно пред судот.

Вечерва протести на „Шарената револуција“ се одржаа и во Гостивар, Свети Николе, Битола и Струмица.

Најчитани вести