Протестите и блокадите закана за малите бизниси

Дуќаните во центарот на Скопје работат само претпладне поради протестите кои речиси два месеци ги организира Шарената револуција на СДСМ. Весникот „Вест“ ги анализира состојбите за тоа какво е влијанието врз економијата на секојдневните „шарени“ блокади и пишува дека протестите и блокадите им се закануваат на малите бизниси.

Од ваквата ситуација повеќе од два месеци најмногу страдаат сопствениците на дуќаните во центарот на Скопје. Дел од нив решаваат да ги заклучат дуќаните во тој период, а оние кои остануваат отворени велат дека залудно работат додека траат протестите. Најмногу страдаат касите на дуќаните во близина на „Рекорд“, дуќаните на улица „Македонија“, но и дуќаните на Градскиот трговски центар, пишува „Вест“.

Демонстрантите за време на протестите постојано купувале цигари и алкохол. За тоа и за обична вода работат трафиките кои се наоѓаат во близина на нивната рута.

Најмногу продаваме пиво, вода и цигари, изјави за „Вест“ сопственик на трафика во близина на Влада.

Според информациите на весникот, прометот на дуќаните кај Рекорд е намален за дури 60 отсто.

Поради хулиганите кои дивеат низ Скопје закочена е работата на цел ГТЦ каде има огромен број на продавници.

Сопствениците на продавниците велат дека Трговски не може да функционира бидејќи скоро сите негови влезови се блокирани. Автобуските линии го менуваат текот на движење, односно не поминуваат низ центарот. Оние пак кои доаѓаат со возила, нема каде да паркираат додека траат протестите, пренесува „Вест“.

СДСМ предизвика и огромна економска штета

Откако ја втурна земјава во криза, СДСМ не престана да и нанесува штета на Македонија и македонскиот народ. Со шпекулациите за девалвација на денарот, СДСМ свесно предизвика економска штета од 4 милиони долари.

Хулиганите прават огромни штети

Хулиганите организирани од СДСМ направија огромни штети за време на нивните насилни протести. Според последните проценки, штетата која ја направија уништувајќи споменици и објекти изнесува минимум 250.000 евра. Оваа сума постојано се зголемува.

Нивното вандалско однесување и нестабилноста која што ја продуцираат и на среден рок може да се одрази и врз привлекувањето на странски инвестиции.