Протестите се политичка агенда на СДСМ и СОРОС

Ние никогаш не сме ги омаловажиме студентите, напротив ние ги уважуваме, рече министерот Тодоров во емисијата на Јанко Илковски.

Тој потсети дека оваа Влада овозможи поевтини студии, отвори нови универзитети, современи лаборатории и сметаат дека студентите треба да се поддржат во процесот на студирање.

-Ние не се согласуваме, реагираме кога ќе видиме група како СДСМ и СОРОС која сака да освои политички поени. Тие сакаат со креирање на лажна слика да креираат незадоволство. Тоа им е политичка агенда.Денес имаше протест. На тој протест имаше бина, озвучување, пејачи и автобуси. Кој ги платил тие? Значи имало буџет за организирање. Јас од тие професори очекувам да објавуваат трудови, не да протестираат, рече Тодоров.

Тодоров рече дека во оваа ситуација од едната страна има голема реформа, а од друга страна пленум како во времето на Сталин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.