Протестите во Хонг Конг, трговците ќе ги чинат 203,9 милиони евра

Продемократските протести во Хонг Конг тамошните трговци ќе ги чинат преку две милијарди хонгконшки долари (203, 9 милиони евра), според проценките на австралиската банка АНЗ.

Како што јавува Би-Би-Си демонстрациите во Хонг Конг се поклопија со кинескиот празник „Златна недела“ за кој секоја година најголемиот дел од Кинезите добиваат слободни денови. Тогаш по традиција се посетуваат бројни атракции ширум земјата при што околу две третини од вкупниот број на посетители во Хонг Конг го чинат кинески туристи.

Но, поради демонстрациите во Хонг Конг, Кина го сопре издавањето на патнички дозволи за домашни туристи кои сакаат да отпатуваат таму, а кинеската национална туристичка администрација во понеделникот ги извести туристичките агенции да престанат со организирање на тури во Хонг Конг.

Поради немирите, трговците кои имаат продавници во близина на местата на одржување на протестите беа приморни да ги затворат продавниците, а голем број на ресторани и барови многу лошо работат.