недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 1

Протестите во Мексико против поскапувањето на горивата прераснаа во смртоносно насилство

Протестите во Мексико против поскапувањето на горивата прераснаа во смртоносно насилство и грабежи.

мексико

Поврзани вести

Четири лица се убиени, а најмалку 300 продавници разграбени, и над 700 лица уапсени, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на претставници на властите.

Комбинацијата од грабежи и блокади на патиштата, пристаништата и терминалите доведоа до тоа многу продавници во земјата да бидат затворени и се закани на снабдувањето со основни продукти и горива, предупредија денеска бизнис организациите. Тоа се случува во момент кога многу Мексиканци се во потрага по подароци за своите деца во предвечерието на Богојавление.

Две лица беа пронајдени мртви во Веракруз по грабеж на продавница. Во источниот пристаништен град, исто така, случаен минувач бил смтно прегазен од автомобил, чиј возач бегал од полицијата. Во главниот град на Мексико полицаец бил убиен додека се обидувал да запре грабеж на бензинска станица.

Многу Мексиканци се разгневија од зголемувањето на цените на горивата за 20 отсто, што беше објавено во текот на викендот. Поскапувањето е резултат на либерализирањето на енергетскиот сектор од страна на владата.

Најчитани вести