Свет

Протестите во Венецуела продолжуваат: „Твитер“ целосно блокиран

Протестите во Венецуела продолжуваат: „Твитер“ целосно блокиран

Претставниците на „Твитер“ соопштиле дека Венецуела го блокира споделувањето на слики преку оваа социјална мрежа.

Портпаролот на компанијата „Њу Векслер“ информираше дека „сликите на Твитер во овој момент се блокирани во Венецуела“, а светските агенции наведуваат дека сепак постои начин корисниците на своите мобилни телефони да ги добијат „твитовите“ преку текстуална порака.

Главната компанија за телекомуникации во Венецуела „КАНТВ“ е во државна сопственост и управува со најголемиот дел од Интернет сообраќајот.

На видео снимки и фотографии кои што кружеле на „Твитер“ по убиството на двајца студенти во текот на протестите во Венецуела се гледа како наводно полицијата и провладините активисти пукаат кон демонстрантите, но автентичноста на тие снимки не е можно да се потврди.

Во Каракас вчера продолжија демонстрациите против левичарската влада, на кои што се собраа околу 2.000 студенти.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ги повикал приврзаниците денеска да се соберат на митинг „за мир и против фашизмот“.