Протестот на граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата

Протестот на граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата
Протестот на граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата

Протестот што вечерва го организираше граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата.

Поворката започна како и изминатите денови од пред Специјалното јавно обвинителство каде учесниците на протестот искажаа поддршка за неговата работа по што поминаа покрај седиштето на Делегацијата на ЕУ, и се упатија кон новата зграда на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Врз објектот пред кој беше поставен полициски кордон, демонстрантите фрлаа боја. Оттаму, се упатија кон Владата.

Од „Протестирам“ и вечерва ги повторија своите барања меѓу кои се повлекување на одлуките за аболиција и за одржување на парламентарни избори на 5 јуни,  оставка на претседателот Ѓорге Иванов, присуство на независни претставници на граѓанското општество во решавањето на кризата и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.