Протестот на СДСМ и СОРОС пред Влада излезе од контрола (ФОТО)

Актуелни и поранешни функционери на СДСМ се во борбените редови на денешните протести кои излегуваат од контрола.

danevaa

Собраните луѓе насилно се однесуваат, а започнаа и со каменување на зградата на македонската влада. Дека ова не е протест за кој граѓаните спонтано се собраа е и повеќе од јасно.

Едни од предводниците на протестот се соработниците на Заев и Шекеринска, но секако, придружувани од пропагандната машинерија на СОРОС.

Така, додека насилници ја каменуваа Владата, во толпата беа социјалдемократи блиски до Црвенковски и Заев кои уживале и партиски функции, како на пример Ана Павлова Даневска, Софија Куновска.

sofijaaaa

Еден од најгласните, беше и Ѓунер Исмаил. Меѓу нив можеше да се забележи и Сафет Бишевац, екс новинар и опозициски пратеник. Голем број на луѓе кои протестираат за се и сешто во државава, кои се финансирани од СОРОС, а поттикнати од СДСМ.

pprotesst11

И новинарот Борјан Јовановски излезе да протестира во моментот кога граѓани тргнаа насилно кон Владата.

borjanjj

protest22

 

protestt55

protestt66

 

Сериозните сомнежи дека манипулацијата со убиството на Нешковски е однапред договорена стратегија на СДСМ дополнително го подгрева фактот што на порталите на СОРОС како Плусинфо веднаш по пресот на Заев се појави банер со најава за протестот пред влада, за чија изработка претходно се потребни повеќе часа.

Во однапред договорената стратегија очигледно влегува и интервјуто на братот на Мартин Нешковски за порталот Нова ТВ со Борјан Јовановски, кое беше веднаш објавено по завршувањето на прес-конференцијата на Заев, а за кое не се исклучува можноста таквото интервју однапред да е снимано и однапред планирано. Дополнително, бомбата на Заев новинарите на СОРОС  ја најавуваа уште од претходниот ден.