Протестот пред Владата – координиран преку машинеријата на СОРОС

527

Вчерашните протести што се случија пред зградата на Владата на Република Македонија беа се, само не беа мирни, ненасилни и спонтани протести како што тоа сакаат да го прикажат членовите и поддржувачите на опозициската коалиција предводена од СДСМ.

Според информациите што беа објавени во поголем дел од медиумите повеќе факти одат во прилог на тврдењето дека станува збор за активност која е планирана најмалку 10 дена.

Изминативе денови на големо се правеа списоци во штабовите на СДСМ во Скопје. Покрај партиските активисти на протестот се приклучија и навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“ предводени од директорот на „Паркинзи Центар“ кој за своето дивеење беше приведен пред некој ден.

Доказ дека станува збор за сериозна подготовка говори и фактот дека уште пред да заврши прес конференцијата новинарите на СДСМ и СОРОС веќе ги објавуваа транскриптите од разговорите што е само уште еден доказ дека уште од претходно биле координирани.

Уште не заврши прес  конференцијата на порталите на СОРОС се појави банер со кој се повикуваше на протест.  Од претходно, порталот Нова ТВ сними интервју со братот на Мартин Нешковски и го објави веднаш по прес конференцијата, а содржината на бомата на Заев уште утрово ја најавуваа новинарите на СОРОС.

Дека не станува збор за спонтан протест говори фактот дека повиците за протест, масовно и мошне брзо се ширеа на социјалните мрежи и тоа од луѓето што важат за „дежурни“ поддржувачи на политиките на опозицијата.

gero_vika_na protest

 

alek_povikkkk

 

sashaaaa_povik

 

Бранко Геровски од „Плусинфо“ на Фејзбук објави фотографии од него и од неговото семејство на протестот со кој ги повика и другите граѓани да им се придружат.

geroskiii_familijaaa

Протестот не помина без Ана Павловска Данева, Софија Куновска, Бранко Геровски, Сафет Бишевац, Дејан Гацов, Дејан Гзе советникот од Центар, портпаролката на Жерновски Катерина Цаневска Арсовска, Ѓунер Исмаил и други, па затоа неможеме да кажеме дека станува збор за спонтан граѓански протест, туку за политичко партиски собир.

sofija_na_protest

Исто така, медиумите повикувајќи се на изјави од очевидци пишуваа дека на лице место била забележана потпретседателката на СДСМ Шекеринска како од кафуле близу една раскрсница до Владата ја координирала толпата на партиски членови преку партиски активисти, меѓу кои дел и навивачи присутни пред Владата. Шекеринска, според очевидците давала наредба и одобрувала туркање и напад врз полицијата, како и демолирање на владината зграда. Покрај тоа денес на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа Шекеринска која отишла на протестот за да има надзор во работите.

Според досегашните информации, 38 полицајци се повредени во „ненасилните“ протести во кои демонстрантите по секоја цена сакаа да изнудат инциденти и судир со полицијата.

Припадниците на полицијата беа каменувани, навредувани и напаѓани брутално со метални шипки и бекатон плочки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.