среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 63

Против јазлеста кожа ќе бидат вакцинирани 226.000 грла крупен добиток

Порачани се вкупно 250.000 вакцини против болеста „јазлеста кожа“ кај говедата, а ќе се вакцинира целиот фонд крупен добиток или 226.000 грла, информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

goveda

Поврзани вести

Поповски кој заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и европратеничката Маријана Петир беше во посета на фарма во прилепско Мажучиште, повтори дека вакцините треба да стигнат за две недели, а ситуацијата со болеста е под контрола.

Моментно има осум жаришта каде е детектирана болеста, но е локализирана и се знае дека е пренесена од Бугарија, истакна директорот и додаде дека на фармерите им е наложено да одржуваат високо ниво на хигиена.

За набавка на вакцините државата обезбеди еден милион евра.

Најчитани вести