Свет

Против Меркел поднесени 400 тужби за државна измама

Против Меркел поднесени 400 тужби за државна измама

Околу 400 тужби за државна измама се поднесена во Германија против германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти денеска германското Обвинителство.

Федералното обвинителство во Карлсруе потврди дека примило 400 тужби против канцеларката, но не прецизира за нивната содржина.

Весникот „Тагесшпигел“ наведува дека поголемиот број од тужбите се поднесени од ултрадесничарските организации поради одлуката на Меркел да им овозможи влез на мигрантите во Германија.

Во весникот има и формулар за лицата кои би сакале да поднесат тужба против Меркел.

„Тагесшпигел“ наведува дека тужбите немаат никаква шанса да имаат судска разрешница.

Државна измама се смета само кога нејзиниот извршител употребил сила или дејствувал со закана со сила.