Македонија

Против независнот на Шкотска 55,3 отсто од гласовите

Против независнот на Шкотска 55,3 отсто од гласовите

Комисијата која вршеше пребројување на гласовите по референдумот во Шкотска ги соопшти конечните резултати од вчерашното гласање.

За останување на земјата во Велика Британија и против отцепувањето се определиле два милиони луѓе со право на глас, односно 55 отсто од гласовите.

За независност на Шкотска гласале 1,6 милиони гласачи или 45 отсто од Шкотланѓаните.

Одзивот на гласањето е исклучително висок за шкотските и за британските прилики и изнесува 84,5 отсто,што претставува рекорд за гласањето во демократски уредените држави.

Последните глсачки ливчиња пристигнаа од далечните изборни единици во шкотскиот Хајленд,каде исто така,мнозинството од луѓето се определија против независноста, за која агитираа сепаратистите,предводени од вледеачката шкотска национална партија (СНП) и нејзниниот лидер,првиот министер Алекс Салмонд.

Од вкупно 32 региони,само во четир, гласачите ја подржаа независноста.

Еден од тие региони е Глазгов,најголемиот шкотски град,но против отцепувањето беа гласачите во главниот град Единбург и во центарот на нафтената индустрија,Абердин.

Крајниот исход од референдумот претставува изненадување,затоа што сите претходни прогнози и мерења на расположението на гласачите,навестуваа „мртва трка“ до крајот и сосема неизвесен резултат при гласањето.

Непосредно пред завршувањето на кампањата,неколку угледни агенции предвидуваа победа на кампањата „Заедно е подобро“ со 52 отсто,наспроти 48 отсто што се очекуваше дека ке ги освојат сепаратистите.

Веднаш по почнувањето на пребројувањето на гласовите,агенцијата Југав прогнозираше поубедлива победа на унионистите,предвидувајќи дека тие ќе освојат 54 отсто од гласовите,наспроти 46 за сепаратистите,но таквите предвидувања беа брзо отфрлени во Глазгов и во Единбург,како „премногу оптимистички„ за противниците на независноста.