Протокот на мигранти се намалува

Протокот на мигранти се намалува
Протокот на мигранти се намалува

Протокот на мигранти низ земјава последните неколку дена бележи намалување, односно стагнира на бројка која не надминува 3.000 луѓе.

Според евиденцијата на Меѓународниот Црвен крст и невладините организации, во период од 12 часа, сметано од 19 часот синоќа до 7 часот утрово, од прифатниот камп во Гевгелија на пат за Табановце заминале 3.000 мигранти кои како превозни средства ги користеле трите специјални возови кои тргнуваат од платформата во кампот како и автобусите и такси возилата кои поаѓаат од паркингот кај мостот на Сува река.

Активистите на Црвениот крст на мигрантите им поделиле преку 200 пакети со вода, 111 пакети со храна, 107 ќебиња, 45 памперс пелени и 28 пакети со бисквити. Медицинските екипи имале 330 асистенции и 55 интервенции од кои само двајца од мигрантите биле пренесени во општата болница во Гевгелија.

Превозот на мигранти од Гевгелија до Табановце е канализиран и организиран на високо ниво,така што и во случај на поголем наплив на мигрантите, не се очекуваат потешкотии на тој план