Провалил во куќа и силувал кадифено мече

Провалник бил лишен од слобода откако имал полов однос со кадифено мече, додека ограбувал една шупа, а полицијата пронашла негова ДНК во играчката.

Британецот Пол Маунтаин (38) изјавил дека почусвтвувал огромна потреба сексуално да се олесни, пишува „Ленкшир телеграф“.

Се верува дека Британецот исекол дупка во плишаната играчка пред да ја „изврши работата“. Сопственикот на шупата открил дека некој извршил провала, а на подот помеѓу расфрланите работи го пронашол кадифеното мече „искористено и злоупотребено“

– Кадифеното мече беше донесено во полиција а семената течност која беше пронајдена во него не одведе до провалникот – изјавил тужителот.

Обвинетиот во полиција изјавил дека во моментот се откажувал од амфетамини и дека почувствувал силна потреба сексуално да се олесни. Настраниот крадец се обвинува за провала со намера да краде.