Проверена една четвртина од реонот на потрага по авионот на „Малезија Ерлајнс“

Спасувачките екипи досега проверија над една четвртина од реонот во кој се трага по авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот МХ370, што исчезна минатата година над Индискиот Океан, соопшти денеска малезискиот министер за транспорт Лијао Тионг Лај.

Како што јави ТАСС, тој изјави дека малезиските и австралиските експерти досега провериле 26 проценти од предвидената зона за потрага.

Боингот на „Малезија Арлајнс“ со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8 март минатата година, еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.